Утрински Весник
Македонија

Повеќе лица тешко повредени, во сообраќајка на патот Велес-с.Извор

23 годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово

Вчера околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од с.Баница, струмичко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и малолетна сопатничка од с.Горно Оризари во патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле А.Д.(38), Н.Д.(38), С.К.(30) и малолетен сопатник, сите од с.Горно Оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во Општата болница Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Можете да прочитате

Не излегувајте доколку немате потреба, топлиот бран од Африка продолжува

Александар Саша Димитријевиќ и Александра ја крунисаа љубовта

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници