Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка против струмичанец за обид за убиство​

Поведена постапка против струмичанец за обид за убиство​

57 годишен жител на с.Вељуса е осомненичен за убиство и против него е определена мерка притвор, информираат надлежните.

Осомничениот на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат.

Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото.

Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен за штетните последици со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, па на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

Можете да прочитате

МВР со записник за синот на директорката во Демир Хисар – влегол во училиштето без дозвола

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

Меџити: 24 години од Охридскиот рамковен договор – трајна обврска за заедништво и еднаквост