Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Поведена постапка против двајцата насилници кои тепале гости и кршеле маси во скопскиот локал „Трибека“

Поведена постапка против двајцата насилници кои тепале гости и кршеле маси во скопскиот локал „Трибека“
300x250 opst2

Скопското основно јавно обвинителство во врска со инцидентот во скоскиот локал „Трибека“ поведе постапка против дајца сокопјани на возраст од 19 и 28 години, за кои постои сомнение дека сториле кривично дело – насилство.

Како што информираат од обвинителството, осомничените на 20 февруари, околу 19:30 часот, во просториите на угостителскиот објект, заедно ги малтретирале, грубо навредиле и ја загрозиле сигурноста на две лица.

Воедно, кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале вториот оштетен да им се придружи.

Откако и тој дошол на масата, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето.

На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во локалот, но насилниците почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки повреди.

Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од фактот што една од гостите зборувала по телефон, започнал да ја навредува, го зел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднел предлози за определување на мерка притвор за осомничените.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати во еден ден

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, живот мој, ме скрши на милион делови“

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)