Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Поведена истрага против Елен Деџенерис, поранешните вработени ја обвинуваат за расизам и малтретирање

Поведена истрага против Елен Деџенерис, поранешните вработени ја обвинуваат за расизам и малтретирање
300x250 opst2

Американската презентерка и комичарка Елен Деџенерис (62) и нејзината емисија The Ellen Show станаа предмет на официјална истрага поради многуте обвинувања на нејзините вработени за вознемирување на работното место од страна на извршните продуценти.

Елен во последните 30 години ѝ се покажуваше на јавноста како топла и сочувствителна личност, но сè повеќе се зборува за тоа каква е всушност зад камерите, што може сериозно да ѝ наштети на нејзината кариера и иднина.

Нејзините вработени сè повеќе тврдат дека кога Елен ќе помине, не смеат да ја погледнат во очи, ниту да ѝ се обратат, а зборуваат и и за нејзиното токсично однесување.

Внатрешната истрага ја поведе групата за односи со вработените на сопствениците на групите WBTV и Warner Media со цел да се утврди вистината за шокантните тврдења.

На вработените им се испратени писма во кои се известуваат дека ќе бидат испрашувани. Истрагата беше поттикната од нивните јавни признанија и наводите за вознемирување, расистичките испади и заплашувањата од страна на 62-годишната презентерка, но таа засега не е официјално обвинета.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи