Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Во овој момент е штета што најмногу порачавме од вакцините „Астразенека“

Пленковиќ: Во овој момент е штета што најмногу порачавме од вакцините „Астразенека“

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека за време на неговата посета на Брисел, една од темите било инсистирањето на Хрватска за забрзување на дистрибуцијата на вакцините.

“Хрватската влада досега порача 6,8 милиони дози вакцина. Досега пристигнаа околу 450 000. Треба да има околу милион дози вакцини во Хрватска до 1 мај. Сето ова е нешто побавно отколку што се очекуваше”, рече тој.

“Проблемите се појавуваат со огромните нарачки. Големи количини се нарачани од ЕУ и други земји низ целиот свет “, рече Пленковиќ.

Тој уште еднаш потенцира дека на Хрватска и е неопходна вакцина, бидејќи Хрватска е туристичка земја.

Додаде дека Хрватска сака да влезе во туристичката сезона со што повеќе вакцинирани хрватски граѓани, а истото да го обезбеди и на ниво на ЕУ.

Зборувајќи за дистрибуцијата на вакцини, Пленковиќ рече дека од летото, кога започнале преговорите со фармацевтските компании, Хрватска постепено добивала сигнали од Европската Комисија за преговори.

„Во текот на летото, сите расположиви информации укажуваа на тоа дека вакцините „Астразенека“ ќе бидат завршени што е можно поскоро и одобрени што е можно побрзо. Тогаш нешто се искомплицира“, рече Пленковиќ и потсети дека Хрватска веднаш од кај нив нарача 2,7 милиони дози.

„ Во моментот, срамота е што нарачавме најмногу од „Астразенека“ затоа што тие забавија со дистрибуцијата“, рече тој.

Пленковиќ зборуваше и за смртта на 91-годишна жена која почина по вакцинирањето. Кажа дека според информациите што ги добил од надлежните институции, засега нема докази дека смртта е поврзана со вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно