Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Плачев кога Јунајтед го отпуштија Мојс“

„Плачев кога Јунајтед го отпуштија Мојс“
300x250 opst2

Алекс Фергусон по завршувањето на сезоната 2012/2013 година замина во пензија. За наследник го препорача сонародникот Дејвид Мојс. Актуелниот менаџер на Вест Хем, на клупата на Манчестер јунајтед се задржа нецела година, по 51 натпревар доби отказ.

Мојс, во Јунајтед дојде од Евертон. На „Олд Трафорд“ од „Гудисон парк“ го донесе Маруан Фелаини. Јунајтед неговиот трансфер го платија 30 милиони евра.

Белгиецот, кој се уште е активен во Кина, во екипата СК Луненг, открил дека му било многу тешко кога дознал дека Мојс добил отказ.

„Бев тажен кога доби отказ, знаев колкава му е желбата да успее во Јунајтед. Тој ме донесе во Англија, а потоа и во Манчестер јунајтед. Ништо лошо не можам да кажам за него“, рекол Фелаини.

„Ќе бидам искрен, ќе признам дека плачев кога дознав дека добил отказ. Мислев дека долги години ќе отане во клубот. Најтешкиот ден во кариерата ми беше денот кога се збогував со Мојс“.

Маруан Фелаини шест години играше во Манчестер јунајтед.

> „Плачев кога Јунајтед го отпуштија Мојс“ <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер