Утрински Весник
Сцена

Пласидо Доминго хоспитализиран во Мексико поради коронавирус

Пласидо Доминго откажа настап поради губење на гласот

Акапулко, 30 март 2020 (/) – Славниот шпански оперски пејач Пласидо Доминго (79), е згрижен во болница во Акапулко, Мексико, поради компликации од заразата со КОВИД-19, изјави денеска неговиот гласноговорник.

– Тој е добро и реагира на терапијата, додаде тој за Си-Ен-Ен.

Доминго минатата недела објави дека е заболен од новиот коронавирус, повикувајќи ги своите обожаватели на нимателност.

„Заедно можеме да се избориме против вирусот и да ставиме крај на оваа криза за да можеме што поскоро да се вратиме на нашите секојдневни активности“, напиша Доминго на Фејсбук. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка