Утрински Весник
Македонија

Планинари од Делчево го искачија врвот Кадиица

Планинари од Делчево го искачија врвот Кадиица

Пехчево, 7 јуни 2020 (МИА) – Десетчлена екипа на Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево, почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство за движење во планина и на Федерацијата за планинарство,  го искачи врвот Кадиица што се наоѓа на 1932 метри надморска висина на планината Влаина.
Како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, планинарскиот марш се движел по кружна патека почнувајќи од општина Пехчево.
-Маршутата на движење почна од Пехчево преку филтер станицата која се наоѓа на 1139 метри надморска висина, месноста Смрдлива вода на 1365 метри, потоа Кардан Чешма, се до врвот Кадиица или познат како Огреак на 1932 метри надморска висина. Враќањето назад се одвиваше преку месноста Трешчен камен, местото каде се наоѓа Вулканската Купа која е подмасив на планината Влаина, потоа месноста Јудови ливади и Филтер станицата,  назад до општина Пехчево, изјави Чучуковски.
Вкупната должина на патеката како што додава изнесувала 21 километар.
-Маршот се одвиваше по добри временски услови, освен на почетокот кога заврна ситен и краткотраен дожд од 10 минути, како и на врвот каде дуваше умерено до засилен ветар и имаше пониска температура – 10 степени целзиусови. Се на се, одлично поминати моменти со одлична и позитивна екипа на планинари членови на ПСК ,,Голак”, вели претседателот на клубот.
Од клубот вакви планинарски акции најавија и во наредниот период. вс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор