Утрински Весник
Магазин

Пирс Морган ги повикa Британците да се заложат за кралицата

Пирс Морган ги повикa Британците да се заложат за кралицата

Пирс Морган ги повика Британците да застанат во одбрана на нивната кралица, истовремено обвинувајќи ги принцот Хари и Меган дека водат кампања за оцрнување на кралското семејство како „куп бездушни расисти“.

Поранешниот водител на „Добро утро, Британија“ се огласи на Твитер за да ги критикува војводата и војвотката од Сасекс една недела откако се повлече од улогата на водител затоа што одби да се извини за коментарите што ги даде во врска со контроверзното интервју на двојката.

„Војводата и војвотката од Сасекс вршат многу смислена и злонамерна кампања да ја оцрнат, осрамотат и уништат Велика Британија, нашата монархија и кралското семејство како куп бездушни расисти. Одвратно е,“ напиша Морган во твитот, повторно насочувајќи се против парот.

„Време е да се заложиме за нашата кралица.“

Британски медиуми ова го искоментираа како последното поглавје од експлозивното интервју на Хари и Меган за Опра каде парот сугерираше дека кралското семејство е расистичко, тврдејќи дека еден неименуван член е загрижен за тоа колку ќе му биде темна кожата на нивниот син Арчи.

Говорејќи по емитувањето на интервјуто, Пирс рече дека не верува ниту збор од она што го кажа војвотката во интервјуто за Опра, во кое таа откри дека имала самоубиствени мисли.

Набргу потоа, тој ја напушти програмата на Ај-ти-ви откако одби да се извини за своите коментари искажани во емисијата. Несоодветниот коментар аз војвотката од Сасекс предизвика рекорден број поплаки до британскиот регулатор за електронси медиуми „Офком“.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста