Утрински Весник
Спорт

Пирло ќе ја преземе Специја

Андреа Пирло, еден од најдобрите италијански фудбалери во овој век, по пауза од една година повторно ќе работи како тренер. Пирло е без работа од јули минатата година кога доби отказ во Јувентус.

Италијанските медиуми тврдат дека по завршувањето на сезоната, Пирло ќе биде именуван во тренер на Специја. Специја, како сега стојат работите ќе избори опстанок во Серија А.

На три кола до крајот на сезоната Специја има седум бода повеќе од тимовите кои се во опасната зона.

Пирло со Јувентус го освои трофејот во Купот на Италија, но не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, а во Лигата на шампионите доживеа елиминација од Порто во осмина-финалето.

> Пирло ќе ја преземе Специја <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија