Утрински Весник
Спорт

Пирло: Играчите се однесуваа егоистично

Пирло: Играчите се однесуваа егоистично
Ss2

Фудбалерите на Јувентус, синоќа, рутински во Будимпешта го победија Ференцварош со 4:1, во Лигата на шампионите. Првите два гола ги постигна Алваро Мората, а пота два пати погоди и Паоло Дибала, кој ги искористи катастрофалните грешки во одбраната на Ференцварош.

„Да несе лажеме, разликата во квалитетот е огромна“, рекол по мечот капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини.

300x250 (7)

„Делува дека беше лесно, но мое мислење е дека бевме незаинтересирани во првото полувреме. Игравме многу бавно. Во вториот дел го подигнавме нивото на играта“, дополнил Кјелини.

И тренерот Андреа Пирло бил задоволен само од победата, не и од начинот на кој неговите фудбалери дојдоа до неа.

„Требаше да играме многу подобро. Направивме премногу грешки поради нашата самобендисаност. Многу разговарам со играчите, но тие носат одлуки кога се на теренот. Можеа да бидат помалку егоистични, треба порано да го решат натпреварот“, заклучил Пирло.

> Пирло: Играчите се однесуваа егоистично <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ