Утрински Весник
Спорт

Пирло го сака трофејот во ЛШ

Пирло го сака трофејот во ЛШ

Андреа Пирло, новиот тренер на Јувентус, има големи очекувања од својот тим во новата сезона. Главни цели на Пирло во новата сезона ќе бидат одбраната на титулата во Серија А и пласман во завршницата во Лигата на шампионите.

Пирло беше промовиран во тренер на Јувентус на 8 август. Светскиот првак со Италија прв пат во кариерата ќе работи како тренер.

„Сакам успех во Лигата на шампионите. За да успееме ќе мора да биде агресивни кога ќе ја изгубиме топката. На ова многу ќе работиме. Гледајќи ја минатогодишната ЛШ до завршницата дојдоа екипите кои во најкраток рок ја враќаа топката во свој посед. Тоа мора да биде наша карактеристика“, рекол Пирло.

Серија А ќе започне на 20 септември, а Пирло дебито ќе го има на домашен терен против Сампдорија.

> Пирло го сака трофејот во ЛШ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем