Утрински Весник
Спорт

Пирло го отпиша, Миха ќе го „запише“ – Болоња ја засилува одбраната

Пирло го отпиша, Миха ќе го „запише“ – Болоња ја засилува одбраната

Калчолигашот Болоња е активен на последниот ден од преодниот рок во Италија.

Стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани кој моментно е на позајмица во француски Рен би можел да ја прекине соработката со клубот и да се врати во татковината, во екипата чиј тренер е Синиша Михајловиќ.

Италијанските медиуми пренесуваат дека договорот е многу близу. Новиот тренер на „Старата дама“, Андреа Пирло го отпиша Ругани. Сари минатата сезона му даваше шанса во Јуве, но овој не ја искористи да се наметне.

И во Рен Ругани нема забележителни резултати, очигледен е пад на неговата форма.

На Болоња очајно и треба освежување затоа што екипата по 20 кола има исто толку бодови и е на 15. место во Серија А. Засега избраниците на Михајловиќ се на +5 од зоната за испаѓање, но до крајот на сезоната во Италија има уште 18 кола.

> Пирло го отпиша, Миха ќе го „запише“ – Болоња ја засилува одбраната <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026