Утрински Весник
Спорт

Пинтуро повторно го освои малиот Кристален глобус во комбинација

Пинтуро го освои велеслаломот во Золден
Img 5587

Хинтерштодер, 1 март 2020 (МИА) – Французинот Алекси Пинтуро го освои малиот Кристален глобус во алпска комбинација по четврти пат во својата кариера. 28-годишниот светски шампион во дисциплината победи на трката во австриското одморалиште Хинтерштодер со вкупно време од 2: 04,90 минути, откако беше втор во спуст и прв во слалом.

Пинтуро го остави зад себе со 0,99 секунди Швајцарецот Мауро Кавицел, кој беше лидер по првата трка, а Норвежанецот Александар Омод Килде заостана 1,25 секунди. Најдобрите шест ги комплетираа Норвежанецот Кетил Јенсруд, Италијанецот Рикардо Тонети и претставникот на домаќините Матијас Мајер.

Ss1

Во финалниот пласман, Пинтуро има 280 бода по три старта во алпската комбинација. Килде заврши на второто место со 172 поени, додека Мејер и Тонети ја поделија третата позиција со по 140 поени. Со неговиот успех, кој е петти од почетокот на сезоната, Французинот се најде на второто место во генералниот пласман за Светскиот куп.

Тој има 1.048 бода, на само 34 бода зад Александар Омод Килде, кој е прв со 1.082 поени. Трет е уште еден Норвежанец – Хенрик Кристоферсен, со 981 бода.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам