Берлин, 27 март 2020 (/) – Пејачот на германската рок група Рамштајн, Тил Линдеман е заразен со новиот коронавирус и се наоѓа во болница на интензивна нега.
Според германскиот весник „Билд“, Линдеман бил во животна опасност, а сега состојбата му е подобрена.
По концертот во Русија, тој се вратил во Берлин каде што добил висока температура. Со Брза помош е префрлен на клиника каде што е тестиран и е потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Исто така му е дијагностицирана и пневмонија. паг/