Утрински Весник
Македонија

Пешак прегазен пред мостот „Гоце Делчев“

Пешак прегазен пред мостот „Гоце Делчев“

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак е прегазен во близина на пешачкиот премин пред мостот „Гоце Делчев“.

Во него, според првичните информации, удрило возило БМВ Х5 со кумановска регистрација.

Во моментот нема детали за прегазеното лице и за возачот.

Полицијата го обезбедува местото, а присутна е и екипа на Итната помош.

Повеќе информации околу несреќата се очекуваат во текот на денот.

Можете да прочитате

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

Ноемвриска програма во Кинотека – 24info.mk

Сончеви периоди, но и силен ветер: Денеска налети над 60 километри на час долж Повардарието