Утрински Весник
Македонија

Пешак завршил со тешки повреди откако во него удрил автомобил на патот Битола-Ресен

Пешак завршил со тешки повреди откако во него удрил автомобил на патот Битола-Ресен

46-годишен пешак од Прилеп завршил со тешки телесни повреди откако вчера во него удрило патничко моторно возило на патот Битола-Ресен.

За случката од МВР дообјаснуваат дека вчера во 19:30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Битола, удрило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома