Утрински Весник
Македонија

Пет мобилни болници става на располагање „Aџибадем Систина“

Пет мобилни болници става на располагање „Aџибадем Систина“

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека покрај сите свои слободни капацитети и респираторни машини кои по потреба ги стави на располагање, по претходен договор со Министерството за здравство, дополнително располага и со мобилни болници со кои ќе ги зајакне капацитетите за сместување на пациенти.

„Аџибадем Систина“ располага со пет мобилни болници – шатори кои може да се транспортираат низ целата територија на земјата. Мобилните болници имаат сопствен приклучок на струја, а во нив по потреба ќе се инсталираат респираторни машини и сета друга неопходна медицинска поддршка за третман на пациентите. Овие пет мобилни болници се опремени со кревети оддалечени на растојание од два метри и нивниот вкупен капацитет е 70 легла.

Овие мобилни болници доколку се јави потреба целосно ќе бидат на располагање заедно со медицинскиот тим на „Аџибадем Систина“. Наш приоритет е здравјето на сите граѓани и грижата за нив, стои во соопштението. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

Пред државно-воениот врв промовирани новите 29 JLTV оклопни возила на Армијата

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 година