Утрински Весник
Македонија

Пет казнени налози, против пет лица од Прилеп, за непочитување на полицискиот час

Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 5 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Прилеп.

-Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, информираат од обвинителство.

Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври