Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

Петров: Граѓаните остануваат во фокусот на СДСМ

Петров: Креираме политики за младите да успеат во татковината
Img 7972

 

Скопје, 24 јуни 2020 

Во се што правиме фокусот ни е на граѓаните, тоа го покажавме во изминатите три години, со покачување на минимална плата, рекоредна невработеност, рекордно намалување на младинската невработеност, раст на просечна плата, ги решивме сите горливи прашања, она на што ќе работиме сега е една нова развојна Македонија, а фокусот останува на граѓаните.

Ова го истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 200 на Алсат телевизија, додавајќи дека Северна Македонија во 2024 година ја чледаме како нова развојна економија, земја која ги штити работните места, креира нови работни места, сите реформи и мерки се фокусирани на граѓанинот, на човечкиот капитал, земја во која младите ќе бидат рамо до рамо со нивите врсници од Европа, дигитална, иновативна држава со правда, ред и дисциплина, еко држава.

Ние за три години станавме членка на НАТО, започнуваме преговори со ЕУ, во наредните четири години ќе продолжиме да работиме на подобар стандард за сите граѓани, за социјално ранливите категории и особено внимание ќе посветиме на коренот на сите проблеми во изминатите 30 години, а тоа е ред, правда и дисциплина, порача Петров.

Најголемата инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ е во нивната фабрика за лажни вести, нагласи Петров.

СДСМ

________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт