Утрински Весник
Македонија

Петровска: Совесни граѓани, безбедни граѓани

Петровска: Совесни граѓани, безбедни граѓани

Битола, 21 мај 2020 (МИА) – Совесни граѓани, безбедни граѓани, е пораката на јавната кампања „Заштити се, седи ДОМА“ што Општина Битола ја реализира од почетокот на борбата против ширење и заштита од КОВИД-19.

Според градоначалничката Наташа Петровска, во Општина Битола во моментов состојбата со коронавирусот е стабилна, нема зголемување на бројот заболени, но видливо е значително опуштање во однос на дисциплинираноста на граѓаните и почитувањето на мерките за превенција од коронавирус.

-Совесни граѓани, безбедни граѓани! Тоа е нашата порака и апел по седницата на општинскиот кризен штаб затоа што евидентно е олабавувањето на граѓаните по однос на мерките за заштита. Ние во соработка со СВР Битола, општинските комунални инспектори и другите надлежни инспектори, на терен ќе ги интензивираат активностите и контролирата за задолжителното носење на лична заштита на лицето од страна на граѓаните. Посочуваме на доследно почитување на Уредбата со законска сила за носење на лична заштита на лицето заради спречување на ширење, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба, истакна Петровска и додаде дека очекува за две недели да биде ставена во функција микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19 која со поддршка на Општина Битола и компании од градот, се гради во ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Од Општинскиот кризен штаб информираа дека здравствените установи и јавните претпријатија во Битола продолжуваат со редовна дезинфекција, но и реализација на тековните проекти и активности, а Општинската организација на Црвен крст продолжува со доставата на помош до социјално загрозените семејства, жртви на насилство и други ранливи категории. мт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Граѓаните чувствуваат горчина поради отстапките, ни ветуваа чуда, а ние баравме обични работи

Претседателката Сиљановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Портокалово предупредување: Попладневен виор од север ќе донесе заладување