Утрински Весник
Македонија

Петнаесетминутен прекин на сообраќајот кај Врбјани поради минирање

Прекин на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани денеска поради работи минирање во период од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути.

До 1 мај затворен за сообраќај за сите видови возил е патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца).

АМСМ информира дека сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози и оти интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот