Утрински Весник
Спорт

Петнаесетгодишниот Ромеро стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига

Петнаесетгодишниот Ромеро стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига

Мадрид, 25 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Мајорка, Лука Ромеро стана најмладиот играч во историјата на првенството на Шпанија. Тој настапи синоќа на средбата со Реал Мадрид во натпреварот од 31. коло од Ла Лига на возраст од 15 години и 219 дена.

Ромеро се појави на теренот во 84-та минута, на местото на Идрис Баба и го сруши рекордот стар 81 година.

Претходно, најмладиот играч во Ла Лига беше Сансон, кој го направи своето деби со Селта во декември 1939 година на возраст од 15 години и 255 дена. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот