Утрински Весник
Македонија

Петков пристигна во Битола на свеченото отворање на клубот „Иван Михајлов“

Петков пристигна во Битола на свеченото отворање на клубот „Иван Михајлов“

Бугарскиот премиер, Кирил Петков пристигна во Битола каде ќе присуствува на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Петков е во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.

Градот е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација.

Сојузот на борците од Битола претходно најави протест против отворањето на клубот со името Иван Михајлов. Од Сојузот велат дека станува збор за историски лик кој претставува еден од најголемите експоненти на фашизмот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во говорот не објасни зошто СДС е петта партија во Скопје

Грабеж во куќа во Чаир однесени накит, пари и лаптоп

Германски државјанин баран со потерница уапсен на ГП Блаце