Утрински Весник
Македонија

Петков во Скопје ќе допатува до бугарската шефица на дипоматијата, во фокус на разговорите – Договорот за добрососедство

Петков во Скопје ќе допатува до бугарската шефица на дипоматијата, во фокус на разговорите – Договорот за добрососедство

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе допатува во Скопје на 18 јануари, во придружба на министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев, потврди македонското МНР.

Посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата македонска Влада, со што, како што велат од МНР, двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка. На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите ќе биде доследната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, како и продолжување на напорите за исчекор во обидите да се обезбеди поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни