Утрински Весник
Свет

Петгодишно момче во Мароко паднало во бунар длабок 32 метри, три дена се обидуваат да го извлечат

Петгодишно момче во Мароко паднало во бунар  длабок 32 метри, три дена се обидуваат да го извлечат

Петгодишното момче Рајан три дена било заробено во бунар на северот на Мароко, а спасувачите очајнички се обидуваат да го спасат, пренесуваат светските медиуми.

Детето во вторник падна во бунар длабок 32 метри.

Момчето е од мало село во близина на градот Шефшауен на северот на Мароко. Тој има повреда на главата. Спасувачите прикачиле камера на јажето за да ја следат неговата состојба и да се уверат дека е безбедно.

Досегашните обиди да се спаси се покажаа како неуспешни.

Локалните медиуми објавија дека малото дете земало храна и вода кои му биле доставени со јаже. Во обид да го спасат, спасувачите копаат покрај бунарот. Дијаметарот на бунарот се стеснува до дното, од 45 сантиметри на врвот, што ги спречува спасувачите сами да се симнат за да го земат малото дете.

Драмата на момчето стана позната благодарение на социјалните мрежи, а започна и кампањата „Спаси го Рајан“,

Можете да прочитате

ШОУ СО 7.000 ДРОНОВИ И ПОЗНАТИ ЅВЕЗДИ НА СЦЕНА! Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција