Утрински Весник
Свет

Песков: Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да биде утре

Песков: Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да биде утре

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска откри дека четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина наводно ќе продолжи утре.

Иако во медиумите се појавија информации дека се водат преговори, Песков ги демантираше овие тврдења, велејќи дека средбата на руската и украинската делегација е закажана за утре.

Песков вчера изјави дека разговорите лице в лице меѓу Москва и Киев за конфликтот во Украина ќе продолжат преку видео врска.

Претходно денеска зборуваше и членот на украинскиот тим Михаило Подољак кој рече дека натамошни разговори меѓу Русија и Украина би можеле да се одржат следната недела.

– Штом ќе се разработат меѓусебните правни формати, ќе биде закажана средба – четврта рунда преговори. Тоа може да биде утре, задутре – рече Подољак претходно денеска во изјава за Белоруската државна новинска агенција Белта.

Тој додаде дека на преговарачката маса ќе има различни предлози, меѓу кои политичко решение и најважно, воено.

– Мислам на прекин на огнот, формула за прекин на огнот и повлекување на војниците. Веројатно нема потреба да одите понатаму и само да разговарате. Разговаравме за сите прашања, сега се обидуваме тие прашања да ги спакуваме во некои правни формати – рече Подољак.

Потсетуваме, членот на рускиот преговарачки тим Леонид Слуцки изјави дека споредено со почетокот на преговарачкиот процес, Москва и Киев постигнале значителен напредок во постигнувањето резултати.

Првите три рунди преговори се одржаа во Белорусија.

Можете да прочитате

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во Украина

Во Иран приведени 20 осомничени за шпионажа за Мосад

Кина изгради огромни бази во Јужното Кинеско Море