Утрински Весник
Свет

Песков: Францускиот претседател доаѓа со одредени идеи

Песков: Францускиот претседател доаѓа со одредени идеи

Тензиите во Европа поради ситуацијата околу Украина и безбедносните гаранции ќе доминираат како теми на денешната средба меѓу рускиот и францускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за новинарите изјави дека посетата е многу важна и потсети дека и претходеле неколку телефонски разговори меѓу двајцата претседатели, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека поради тоа Кремљ очекува долг и смислен разговор, но не очекува одлучувачки промени по таа средба, бидејќи, како што рече, ситуацијата е премногу комплицирана.

„Емануел Макрон е на чело на земјата која претседава со Европската унија. Тоа е многу важно. Но, се разбира, ситуацијата е премногу комплицирана за да очекуваме некакви одлучувачки промени за време на една средба“, рече Песков.

Тој додаде дека самиот Макрон му рекол на Путин дека доаѓа со одредени идеи за изнаоѓање можни опции за смирување на тензиите во Европа.

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка