Утрински Весник
Свет

Песков: Украинската употреба на странски аеродроми е опасно сценарио

Песков: Украинската употреба на странски аеродроми е опасно сценарио

Евентуалното користење на воени аеродроми во други земји од страна на Украина е непожелно и потенцијално опасно сценарио, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Министерството за одбрана веќе даде објаснување за можното користење на некои други аеродроми од страна на Украина за летови на воени авиони. Тоа е несакано и потенцијално опасно сценарио“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Претставникот на Кремљ зборуваше и за преговорите со украинската страна и нагласи дека Москва е заинтересирана за одржување на следните рунди разговори со Киев штом Украина биде подготвена.

Можете да прочитате

Минимален сообраќај низ Ормуската Теснина во екот на војната во Иран

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан