Утрински Весник
Свет

Песков: Русија е подготвена за преговори со Украина, но по свои услови

Русија била и останува подготвена да го реши украинскиот проблем по дипломатски пат, но Москва ќе го стори тоа под свои услови и тие ќе бидат исполнети на овој или оној начин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

– Навистина, Русија беше и останува подготвена да го реши украинскиот проблем дипломатски – по свои услови. Овде едноставно е соодветно уште еднаш да потсетиме дека овие услови се договорени во Истанбул. А за нив се согласија и двете страни – преговарачите на Русија и Украина – посочи тој.

Портпаролот на Кремљ потсети дека подоцна Киев се откажал од овој договор и скршнал од преговарачката патека.

– И да, Русија е подготвена за преговори. Нашите услови и се добро познати на украинската страна. Вака или онака ќе бидат обезбедени“, заклучи Песков,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина