Утрински Весник
Свет

Песков: Путин самиот ќе објави дека ја примил втората доза нa вакцина против коронавирус

Песков: Путин самиот ќе објави дека ја примил втората доза нa вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе објави дека ја примил втората доза на вакцина против Ковид-19, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот ќе добие втора доза. Тој ќе ја информира (јавноста) за втората доза, исто како што направи со првата“, изјави портпаролот на Кремљ.

На 10 април, Песков за ТАСС изјави дека Путин сè уште не ја примил втората доза на вакцината.

Рускиот лидер ја прими првата доза на 23 март.

Тогаш не беше откриено која вакцина ја примил Путин, а неговиот претставник ја објасни одлуката со фактот дека сите три руски вакцини се ефикасни и безбедни.

Три вакцини против коронавирусот се регистрирани во Русија – спутник В, ЕпиВакКорона и КовиВак. Сите три се даваат во две дози.

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка