Утрински Весник
Свет

Песков: Последниот предлог за мир и е предаден на Украина

Песков: Последниот предлог за мир и е предаден на Украина

Кремљ денеска објави дека Москва се уште чека одговор од Украина на последниот писмен предлог на Русија во мировните преговори на двете страни и праша зошто украинскиот претседател Владимир Зеленски не знае за документот.

Зеленски вчера рече дека не го видел или слушнал текстот за кој зборува Кремљ.

– Повторувам уште еднаш, како што реков вчера, нашите формулации, всушност најновата верзија, им беа предадени на нашите противници, украинската преговарачка делегација, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изјави дека Кремљ бил запознаен со коментарот на Зеленски.

– Тоа доведува до одредени прашања зошто никој не го информира претседателот Зеленски за нашите верзии на текстот, рече Песков.

Оваа ситуација укажува на лошата состојба во комуникацијата меѓу Украина и Русија, осум недели откако Москва испрати војници во Украина и повеќе од три недели по последната директна средба меѓу двете страни на 29 март.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили