Утрински Весник
Магазин

(Видео) Натали Портман сподели постер од „Тор: Љубов и молња“

(Видео) Натали Портман сподели постер од „Тор: Љубов и молња“

Натали Портман во средата се огласи на социјалните мрежи за да го потсети Крис Хемсворт дека тој не е единствениот Тор.

40-годишната актерка на својот инстаграм-профил сподели постер од новиот филм за суперхерои, Thor: Love and Thunder („Тор: Љубов и молња“), на кој е прикажана во оклоп како ракува со чеканот на богот на громот.

„Мислеше дека си единствениот… @chrishemsworth“, напиша Натали во описот на објавата за своите 7,6 милиони следачи.

Оскаровката ќе ја репризира улогата на Џејн Фостер во претстојното продолжение, во кое ќе глуми и Крис (38).

Таика Ваитити (46) е режисер и косценарист на филмот, продукција на „Марвел студиос“.

Натали ќе го портретира Моќниот Тор, нејзиното ново алтер его.

Можете да прочитате

Сите правиме грешка при подготовката на кафе

Во ресторани на Сардинија почнува едномесечна пробна програма „Ручек без екрани“

Најопасната саксија за секое растение