Утрински Весник
Свет

Песков: Повлекувањето на Русија од регионот Киев е гест на добра волја

Песков: Повлекувањето на Русија од регионот Киев е гест на добра волја

Русија ги повлече своите војници од регионот на Киев по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, како гест на добра волја во преговорите со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Со цел да создадеме поволни услови за преговори, сакавме да направиме гест на добра волја. Можеме да донесеме сериозни одлуки за време на преговорите, па претседателот Путин им нареди на нашите војници да ја напуштат областа Киев“, рече Песков во интервју за Француски ТВ канал LCI.

Тој нагласи дека Москва сака да ја прекине воената операција во Украина преку преговори и е заинтересирана за согласност на украинскиот претседател Володимир Зеленски за наведените услови, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Кос: Членство на Украина во ЕУ до 2027 година е „невозможно“

Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци