Утрински Весник
Свет

Песков: Односите меѓу Москва и Вашингтон се на дното

Песков: Односите меѓу Москва и Вашингтон се на дното

И покрај неодамнешното продолжување на дијалогот меѓу Москва и Вашингтон, нашите односи се на дното, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во време кога Западот и замерува на Русија поради одржувањето воени вежби на границата со Украина, пренесува Ројтерс.

Соединетите Држави во неделата соопштија дека Русија може да ја нападне Украина во секое време и да создаде ненадеен изговор за напад, истовремено потврдувајќи дека ќе го брани „секој чекор“ на територијата на НАТО.

Украина не е членка на НАТО и нејзината територија не спаѓа во член 5 од Северноатлантскиот договор за заедничка одбрана. НАТО го зајакна своето воено присуство во соседните земји кои се членки на воено-политичката алијанса.

Путин и Бајден разговарале телефонски во саботата, пренесува Ројтерс, додавајќи дека врските меѓу нив се напнати во други области.

– Шефовите на држави водат дијалог, а има дијалог и на други фронтови – рече Песков во интервју за агенцијата РИА, додавајќи:

– Тоа е плус бидејќи знаете, пред неколку години дијалогот беше нула, такви контакти воопшто немаше. Но, за останатото, за жал, можеме да зборуваме само негативно. Нашите односи се на многу, многу ниска точка. Тие се всушност на дното.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина