Утрински Весник
Свет

Песков: Ниту еден странски лидер нема да биде поканет на Денот на победата

Песков: Ниту еден странски лидер нема да биде поканет на Денот на победата

Ниту еден странски гостин нема да биде поканет на парадата на 9 мај по повод одбележувањето на 76-годишнината од победата во Големата татковинска војна, рече Дмитриј Песков.

На прашањето дали странските лидери ќе бидат поканети на Парадата на победата, Песков рече:

„Не. Ова не е јубилејна година. Нема да бидат поканети странски гости“.
Тој истакна дека во сите други аспекти ќе има нормална постапка за поканување на гостите на парадата, но некои нијанси, како што се приближува настанот, можат да бидат диктирани од санитарните власти, пренесува руската агенција ТАСС.

Можете да прочитате

Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

Погодени две руски нафтени платформи во Каспиското Море, тврди Киев

Иранската Црвена полумесечина со биланс за штетите од израелските напади: Погодени стотици болници и училишта