Утрински Весник
Свет

Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните земји и предупреди дека цената ќе расте секој ден, пренесува Танјуг.

„Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена“, посочува Песков.

Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

Можете да прочитате

Сијарто: Не сум пренесувал на Русија информации за Европската Унија

Трамп: Ормутскиот тенсец ќе биде отворен многу наскоро

Трамп: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал