Утрински Весник
Свет
Img 7972

Песков: „Дали е објавен часот кога ќе почне војната?“, Путин се шегува за можната инвазија на Украина

Песков: „Дали е објавен часот кога ќе почне војната?“, Путин се шегува за можната инвазија на Украина
300x250 opst2

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека претседателот Владимир Путин понекогаш дури и се шегува прашувајќи дали e објавено точното време кога ќе започне војната, бидејќи, како што рече, е невозможно да се разбере информациското лудило што се случува.

Песков ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање за односот на Путин кон тоа што Западот повремено објавува датуми кога, ќе започне „руската инвазија“ на Украина, пренесуваат агенциите.

Портпаролот на Кремљ рече дека Путин понекогаш дури и се шегува кога ги чита извештаите за датумот на наводниот „напад“ на Русија, бидејќи таквите информации е невозможно да се третираат со разбирање.

Претходно некои медиуми, повикувајќи се на информирани извори, напишаа дека американскиот претседател Џо Бајден на видео конференција со лидерите на западните земји, Европската Унија и НАТО, го навеле 16 февруари како датум на наводната руска „инвазија“ на Украина.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД