Утрински Весник
Свет

Песков го пофали својот шеф: Путин е политички велемајстор, но е и многу емотивен

Песков го пофали својот шеф: Путин е политички велемајстор, но е и многу емотивен

Рускиот претседател Владимир Путин не мисли на еден или два чекора напред, кога станува збор за прашањата за руската безбедност, туку како вистински шахист го пресметува секој потег, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој за ТВ Русија-1 изјави дека Путин калкулира како вистински шахист и дека во такви работи човекот веројатно мора да има способности поголеми дури и од велемајстор, пренесува РИА Новости.

Песков додаде дека зборовите на Путин за заштитата на националната безбедност на неодамнешната годишна прес-конференција биле емотивни, бидејќи Западот, како што истакна, систематски ја мами Русија во последните децении.

„ Секогаш кога претседателот зборува за националните интереси на земјата, за безбедноста на земјата, тој е секогаш емотивен, но затоа неговите формулации не се помалку исцрпни“ рече Песков.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот