Утрински Весник
Свет

Песков: Без укинување на санкциите за Русија, нема испорака на жито

Мора да се укинат санкциите против Русија за руското жито да биде испорачано на меѓународните пазари, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Глобалната прехранбена криза веќе започна, нејзиниот катализатор не беше украинската криза, туку низа настани и погрешни постапки на владите на различни земји. За да се снабди Западот со руско жито, неопходно е да се укинат санкциите против Русија кои го спречуваат тоа, но досега нема суштинска дискусија за тоа“, истакна Песков, а пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!