Утрински Весник
Спорт

Перес не се откажува од Суперлигата: Мораме да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид

Перес не се откажува од Суперлигата: Мораме да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го отвори Собранието на клупските партнери. Перез го потенцирал влијанието на вирусот Ковид-19 врз работата на клубот, говорел за женскиот фудбалски клуб, за кошаркарската секција, реконструкцијата на стадионот, а не ја заборави и Суперлигата.

Перез и Реал немаат намера да се откажат од овој проект, кој пред нешто повеќе од шест месеци предизвика краткотраен земјотрес во фудбалска Европа.

„Суперлигата е нешто повеќе од обично натпреварување. Суперлигата треба да ја подигне динамиката во фудбалот. Тој проект претставува слобода, клубовите треба да бидат господари на своите судбини. Проектот Суперлига ќе биде реализиран, бидејќи фудбалот нема иднина без тој проект. И покрај тоа што се шират разни информации, планот е проектот да се реализира во соработка со националните шампионати. Проектот ќе биде компатибилен со националните првенства. УЕФА ги одби сите наши предлози, клубовите трпеа секакви закани. Со закани и притисоци сакаат да го уништат проектот. Мораме да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид. Нема да попуштиме“, рекол Перез.

> Перес не се откажува од Суперлигата: Мораме да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028