Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Перез: Мбапе? До 1.јануари се ќе биде решено

Перез: Мбапе? До 1.јануари се ќе биде решено
Img 7972

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, очекува во јануари да биде решено прашањето околу трансферот на Килијан Мбапе. 22-годишникот, во интервјутo за „Екип“, признал дека летово побарал дозвола од челниците на ПСЖ, да го напушти клубот.

Мбапе, не крие дека во летниот преоден рок имал желба да стане жител на Мадрид. Потврдил дека понудите што ги испратил Реал биле од 160 до 200 милиони евра.

„Да ме пуштеја да заминам ќе одев во Реал. Други клубови не ме интересираа“, рекол Мбапе.

Сепак, ПСЖ решија да ги одбијат понудите од „Сантијаго Бернабеу“.

„Во јануари ќе имаме информации за Мбапе. Се надеваме дека на 1.јануари се ќе биде решено“, рекол првиот човек на „кралскиот клуб“.

Во Париз веруваат дека ќе успеат да го убедат Мбапе да потпише нов договорот. Доколку тоа не се случи, тој во јануари може да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор, а потоа по завршувањето на сезоната како слободен играч да го напушти клубот.

> Перез: Мбапе? До 1.јануари се ќе биде решено <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент