Утрински Весник
Магазин

Пенелопе Круз со пофални зборови за Џони Деп

Пенелопе Круз беше една од првите холивудски личности што застана во одбрана на Џони Деп откако беше претставен како „домашен насилник“ и „тепач на жена“ по авторскиот текст на Амбер Херд во 2018 година.

Круз тогаш го опиша Деп како еден од највеликодушните луѓе кои ги познава. Зборовите на шпанската актерка сега повторно се појавија и станаа вирални додека фановите на актерот започнаа тренд на платформите на социјалните мрежи, со хаштагот #AmberHeardIsAPsycopath (Амбер Херд е психопат).

По новите обвинувања изнесени против Деп на суд, таблоидите ја цитираат Пенелопе, која вели: „Деп е еден од највеликодушните луѓе што ги познавам. Човек кој секогаш бил љубезен со сите околу себе“.

Видео-клипови од судењето што кружат на интернет се во поддршка на Деп. Корисниците на социјалните мрежи неговата поранешна сопруга ја нарекуваат манипулаторка во потрага по пари.

Деп (58) и Херд (36) се на суд откако холивудскиот актер ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета поради статија во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во која таа раскажува за претрпено семејно насилство.

Можете да прочитате

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил

Овие хороскопски знаци претпочитаат комплицирани врски