Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – Јандроковиќ: Заложби за интензивирање на парламентарната соработка

Пендаровски – Јандроковиќ: Заложби за интензивирање на парламентарната соработка

Во рамки на официјалната посета на Хрватска, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба и со претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ.

Како што информираат од претседателскиот Кабинет, двајцата соговорници се заложиле за интензивирање на парламентарната соработка oсобено за нејзино динамизирање преку комисиите за надворешни работи и европски прашања на двата парламенти, како значаен придонес во севкупните билатерални односи и во создавањето амбиент за поквалитетна регионална соработка.

Во контекст на нашиот евроинтегративен пат, Пендаровски изразил благодарност за цврстата, недвосмислена и континуирана поддршка на Хрватска која, како што рекол, во изминатиот период била активно манифестирана на повеќе нивоа.

Можете да прочитате

„Стави појас” – превентивна активност на СВР Тетово

Левица одбележа 10 години постоење

Почина Горан Крстев, поранешен градоначалник на Чешиново – Облешево