Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Членството на Финска во НАТО дополнително ќе ја зајакне безбедноста

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими финската премиерка, Сана Марин, која е во посета на земјава.

Како што информираат од претседателскиот Кабинет, во фокусот на разговорите биле билатералните односи и соработката меѓу двете земји, перспективите на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, новонастанатите политички и економски текови во Европа, како и апликацијата на Финска за членство во НАТО.

Во однос на претстојниот Совет на ЕУ и блокадата од Бугарија, Пендаровски посочил дека процесот на проширување не треба да биде заложник на внатрешно-политичките ситуации на земјите-членки на Унијата.

Исто така, претседателот ја поздравил апликацијата на Финска за влез во НАТО.

„Северна Македонија е силен поборник на политиката на отворени врати на НАТО и безусловно го поддржуваме членството на Финска во Алијансата, што ќе ја зајакне безбедноста не само во Северна Европа, туку и на НАТО во целина“, порачал Пендаровски.

Можете да прочитате

Мицевски: СДС со кадри на Заев и Филипче тргнува во сигурен пораз на локалните избори

Брука сте, одете си од Судскиот совет – судијата Ненад Савески до Антоанета Димовска по изборот на в.д. претседател на Кривичен

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?