Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Со сојузништвото во НАТО, Турција и Северна Македонија придонесуваат за безбедноста во регионот

Пендаровски: Со сојузништвото во НАТО, Турција и Северна Македонија придонесуваат за безбедноста во регионот
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со претседателот на Големото национално собрание на  Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Македонија.

„Претседателот Пендаровски изрази уверување дека со сојузништвото во НАТО двете држави даваат придонес за стабилноста и безбедноста во регионот. Двајцата соговорници изразија очекување за натамошно продлабочување на македонско-турските билатерални односи, во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

На средбата биле разменети мислења и информации и за актуелните состојби во двете држави, вклучително и во контекст на пандемијата од Ковид-19, како и за целокупните состојби во регионот.

Претседателот Пендаровски изразил благодарност за севкупната помош од Турција за справување со пандемијата од Ковид-19, истакнувајќи ја важноста на солидарноста, соработката и меѓусебната поддршка на државите, како важен предуслов за успешно справување со последниците од глобалната пандемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Ресен: Мајка ја претепала малолетната ќерка

Наставничка од Кавадарци сликала пораки од Фејсбук на нејзина колешка и истите ги препраќала кај директорката

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои