Утрински Весник
Македонија

Пендаровски со лицата со попреченост: Неприфатливо е да бидете маргинализирани и обесправени

Пендаровски со лицата со попреченост: Неприфатливо е да бидете маргинализирани и обесправени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими активисти за правата на лицата со попреченост од коалицијата „МЕНУВАМЕ“.

Лицата со попреченост и родителите на деца со попреченост на средбата ги истакнаа своите барања за подобрување на нивната целокупна состојба. Неколкуте, како што посочија, приоритетни барања, се да се зголеми износот којшто го добиваат како додаток на попреченост и како посебен детски додаток, понатаму да се оформи регистар за лица со попреченост и да се отворат повеќе дневни центри и центри за рехабилитација. На тој начин, потенцираат од „МЕНУВАМЕ“, на лицата со попреченост ќе им се гарантира соодветен животен стандард.

Активистите ги изложија и нивните заложби за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен и општествен живот. Овие права, како што потенцираа од „МЕНУВАМЕ“ им се загарантирани согласно со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации. Истата, подвлекоа тие, државата ја ратификуваше пред 10 години, а имплементацијата речиси и да не е започната.

Претседателот Пендаровски изрази целосна поддршка за барањата на претставниците на „МЕНУВАМЕ“.

„Неприфатливо е и натаму да бидете маргинализирани и обесправени“, им порача претседателот Пендаровски. Во оваа насока, претседателот Пендаровски нагласи дека, согласно со надлежностите, во континуитет ќе се заложува да се подобри положбата на лицата со попреченост и нивните семејства.

Можете да прочитате

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци

СДСМ: Кујните на ВМРО прават дефокус од криминалните тендери!