Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со претставници од Сојузот на средношколци: Поддршка за иницијативата за подобро средношколско организирање

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници од Сојузот на средношколци, кои информираа за досегашните и идни активности во рамки на иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“, која во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски политики е започната мината година.

dobivaj vesti na viber

Претседателот беше запознаен со заложбите на средношколците за реформирање и подобрување на ученичкото организирање. Средношколците информираа за финализацијата на предлогот-законско решение, со кое по првпат во државата ќе се регулира средношколското организирање, а преку кое се предвидува организирање на директни избори од страна на сите ученици во училиштето за нивниот претседател и формирање на совети на ученици.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи поддршка за иницијативата за подобро средношколско организирање во државата, истакна дека тоа ќе придонесе кон процесите за создавање на млади лидери, неопходни за развој на демократијата како траен систем на уредување на општеството и политиката за сите генерации во иднина.

На средбата стана збор и за иницијативата на претседателот Пендаровски за вклучување на демократското политичко образование во нашиот формален образовен систем, која е промовирана преку Претседателскиот центар за политичко образование.

Можете да прочитате

Засега нема информации за македонскиот државјанин кој се води за исчезнат по несреќата во Кран Монтана

Десет килограми кокаин откриени во автомобил во скопско

Во месец декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик