Утрински Весник
Македонија

Пендаровски свика седница на Советот за безбедност и го осуди рускиот напад на Украина

Пендаровски свика седница на Советот за безбедност и го осуди рускиот напад на Украина

Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русијa ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета, вели претседателот Стево Пендаровски по повод руската инвазија на Украина.

„Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.

Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.

Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, се наведува во пораката на Пендаровски кој свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.

Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14 часот.

Можете да прочитате

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Сообраќајни измени: Мобилните телефони надвор од рацете на сите учесници во сообраќајот