Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски: Придонесот на ЕУ е повеќе од потребен за решение во дијалогот Белград – Приштина

Пендаровски: Придонесот на ЕУ е повеќе од потребен за решение во дијалогот Белград – Приштина
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше видео разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

„Во пресрет на обновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски го истакна ставот дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение, кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и во таа насока го поздрави значењето на мисијата што ја има специјалниот претставник Лајчак“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.

Пендаровски го информирал Лајчак за актуелните состојби во земјата и спроведувањето на изборниот процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Одобрен во целост обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники